Црковен термин - категорија

вангелие повеќе

мн. вангелија
Вид збор: Именка, среден род
евангелие
Англиски: gospel

Велигден повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Христијански празник, ден на Христовото воскресение.
Англиски: Easter

велигденски повеќе

Види и: Велигден (м.)
велигденскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на Велигден.

великови повеќе

Вид збор: Придавка
Само во составот - великови пости.

великомаченик повеќе

мн. великомаченици
Вид збор: Именка, машки род
Тој што умрел за христијанската вера трпејќи големи маки; тој што многу страдал.

великопосен повеќе

великопосниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на велики пост.

Велипеток повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Петокот пред Велигден (денот на Христовото распетие).
Англиски: Good Friday

велици повеќе

Вид збор: Придавка
(само мн.) Само во составот - велици пости.

Величетврток повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Четвртокот пред Велигден
Англиски: Maundy Thursday

Велјанедела повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
недела на Велигден
Англиски: Easter Sunday

веронаука повеќе

(едн.) веронауката
Вид збор: Именка, женски род
Наука за верата, верско образование како наставен предмет.
Англиски: catechism

верују повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Црковен текст во кој накратко се предадени основите на христијанската вера.
Англиски: credo Албански: kredo

вечерна повеќе

мн. вечерни
Вид збор: Именка, женски род
Вечерна црковна служба.
Англиски: vespers, evensong Албански: mbrëmje kishtare

високопреосвештен повеќе

високопреосвештениот
Вид збор: Придавка
Титула што оди со звањето митрополит и архиепископ, што се однесува на лице со ваква титула.

владика повеќе

мн. владици
Вид збор: Именка, машки род
Висок православен духовник што е на чело на епархија.
Англиски: bishop

владиков повеќе

владиковиот
Вид збор: Придавка
Што му припаѓа на владиката, што се однесува на владика.

владикува повеќе

владикуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Врши служба на владика.

владичество повеќе

(едн.) владичеството
Вид збор: Именка, среден род
Служба и достоинство на владиката.

владичи повеќе

владичат
Вид збор: Глагол, несвршен
Поставува за владика, ракоположува за владика.

владичица повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Богородица
Англиски: Virgin Mary Албански: Shën Maria

владички повеќе

владичкиот
Вид збор: Придавка
Што му припаѓа на владиката, што се однесува на владика.
Примери:
Владички одежди.

Водици повеќе

Вид збор: Име
Христијански празник што се слави на 19 јануари во чест на денот кога Исус Христос бил крстен во реката Јордан.

водосвет повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Обред за осветување вода.

Вознесение повеќе

Вид збор: Име
Христијански празник, посветен на Христовото вознесување на небото, што се слави на четириесеттиот ден по Велигден.
Англиски: Ascension

вселенски повеќе

Види и: вселена (ж.)
вселенскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на православната црква.
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч